Добивај вести на Viber
Повеќе од 2.000 луѓе со гас маски и натаму се на улуците на Киев во затегната атмосфера по синоќешните немирии судири меѓу демонстрантите и полицијата. Тие ноќта ја поминаа на улица и покрај екстремно ниските температури. Демонстрантите фрлаат со петарди, а полицијата употреби солзавец.
Полицијата привела досега 20 луѓе, додека илјадници луѓе побарале медицинска помош. Во болница, по синоќешните немири, завршиле 60-тина полицајци и 42 учесници во демонстрациите.
Протестите за израз на незадоволството на украинските граѓани поради обидот на власта со законда ги забрани демонстрациите.
Украинскиот претседател Виктор јануковиќ се обидува да ја смири ситуацијата изјавувајќи дека е подготвен за преговори со опозициските и про-европските сили во земјата. тој најави дека денеска ќе формира повеќепартиска комисија која ќе бара излез од кризата во која западна Украина. Еве како беше на улиците на Киев доцна ноќеска:
http://www.youtube.com/watch?v=RjQML-1gmFc
Разлутените демонстранти не успеа да ги смири ниту поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко, сега еден од лидерите на украинската опозиција. Во обид да преговара со нив, Кличко го извлече „подебелиот крај“ и беше испрскан со противпожарен апарат. Повеќе за овој настан на следниот линк:
(ВИДЕО) Судири во Киев - Кличко покажа тупаници!