Видео: Медицински авион се сруши на паркинг во Невада, има повеќе жртви
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
Мал медицински авион се сруши на преполн паркинг во градот Елко во сојузната држава Невада во САД при што дошло до голема експлозија, а десетина автомобили биле целосно изгорени.
Според првичните информации на спасувачките екипи има четворица мртви, од кои тројца членови на екипажот и еден пациент. Агенцијата за цивилно воздухопловство ги истражува причините за падот на авионот Пајпер ПА 31. На местото на падот нема повредени или загинати освен патниците во авионот.