(ВИДЕО) Маж искрши автобус полн со патници
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2019
Во хрватскиот град, Сплит еден маж застана пред градскиот автобус и без никаква причина почна да го крши автобусот во кој имаше патници.
Откако целосно го искрши ветробранското стакло, тој продолжи да ги крши другите стакла на автобусот. Возачот запре, ја заклучи вратата, ја повика полицијата и снимаше сè што се случува. Луѓето се повлекоа во задниот дел од автобусот и чекаа да дојде полицијата.
Не се знаат мотивите за нападот на автобусот.