(ВИДЕО) МАСОВНИ НАПАДИ ВО КЕЛН: Репортерка сексуално нападната во пренос во живо
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2016
За време на карневалските свечености во западногерманскиот град Келн, биле регистрирани 22 инциденти со сексуални напади, соопшти германската полиција.
До полицијата во Келн стигнала и пријава од белгиска новинарска од телевизијата RTBF која била сексуално вознемирувана додека известувала во живо.
Инцидентот се случил на карневалот, кога пијан Германец и приоѓа и прави непристојни гестови зад нејзиниот грб.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=WX5Y_ZpzedM[/embed]Инаку, Мерките за безбедност годинава се значително зголемени и на улиците има повеќе од 2.500 полицајци.
Ваквата одлука на германските власти доаѓа по големиот број на инциденти во Келн кои се случија за време на новогодишната ноќ, кога беа регистрирани голем број на сексуални напади и грабежи.