Видео: Масакр во Финска, убиена политичарка и две новинарки
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
23 годишен напаѓач уби три жени во Финска. Една политичарка и две новинарки се застрелани во страшен напад со десетина истрели од огнено оружје. Напаѓачот отворил оган пред еден ресторан во пешачката зона во Иматра, а потоа без да пружа отпор бил уапсен од полицијата.
Засега за нападот не може да се посочат конкретни мотиви, но според начинот на пукање и изборот на жртви се претпоставува дека станува збор за ментално нестабилна личност која сосема случајно одбрала да пука во новирките и политичарката. Нивниот идентитет е официјално откриен, а формиран е и итен команден штаб за преземање на дополнителни мерки на обезбедување.