ВИДЕО: Малолетници запалиле бездомници во Нови Сад
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2016
Полицијата во Нови Сад, Србија привела тројца малолетници под сомнение дека намерно запалиле двајца бездомници од кои едниот починал.
Како што пишуваат српските медиуми, трагедијата се случила во раните утрински часови околу четири часот наутро, а малолетниците имале само 12 години.
По сослушувањето пуштени се на слобода, затоа што се малолетни.
Се очекуваат повеќе информации како ќе постапи полицијата и другите служби во овој случај.