(ВИДЕО) КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Најдолговечната британска владетелка полни 91 година
Објавено во: Свет 21 Април, 2017
Кралицата Елизабета II, најдолговечната британска владетелка, денес го слави 91-от роденден во приватност.
Како и секоја година во чест на нејзиниот роденден ќе одекне почесна стрелба на кралската стража од лондонскиот Тауер и Хајд Парк.
Британската кралица слави роденден два пати: 21 април на датумот на својот роденден, и втората сабота во јуни кога во нејзина чест се организира парадата „Trooping the Colour“.
Еве како изгледало тоа лани:
Елизабет Александра Мери Виндзор е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Кралица станала на 6 февруари 1952 година кога имала 25 години.
По владеачки стаж уште на 9 септември 2015 ја надмина својата прабаба Викторија (1837-1901), која владеела 63 години, седум месеци и два дена. Со принцот Филип 68 години била во брак.
Queen Elizabeth II celebrates her 91st Birthday today! pic.twitter.com/9GdNdQlWhH
— Famous Birthdays (@FamousBirthdays) April 21, 2017
Без разлика на своите години, кралицата ревносно ги извршува своите службени должности, иако во последните години некои задолженија ги пренела на други членови од семејството, пред се на својот син Чарлс и внуците Вилијам и Хари.
Happy birthday Queen Elizabeth #queensbirthday pic.twitter.com/vEqeh3Mmvf
— BASC Ladies Shooting (@BascLadies) April 21, 2017
Анкетите покажуваат дека и понатаму е популарна меѓу Британците, а кралските советници велат дека е малку веројатно дека ќе абдицира (ќе се откаже од престолот).
Кога минатата година во текот на посетата на Северна Ирска ја прашале за здравјето, одговорила: „Уште сум жива“.