02 Мај, 2024
0.0255

Видео: Како Нобеловецот Фридман го предвиде Биткоинот пред 18 години?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Економскиот теоретичар и добитник на Нобеловата награда за економија Милтон Фридман уште во 1999 година кога интернетот ги правеше првите чекори предвиде дека ќе се појави електронска валута со која ќе се олеснат паричните трансакции без потреба од кеш, но и без конкретни записи за одржување на анонимноста.

Според Фридман е-валутата ќе има позитивни страни како олеснување на користињето на услугите на интернетот, како што денес биткоинот се користи за многу електронски купување и интернет услуги, но така и негативни страни бидејќи и криминалците ќе може многу полесно да ги вршат своите активности без контрола од страна на властите. 


Фридман е основач на неолиберализмот, односно економија која има минамален степен на регулација од страна на владата каде пазарните динамики, побарувачка и понуда ги формираат цените и економските параметри. Според неговите учења економски раст може да се постигне со поттикнување на потрошувачката, намалени даноци и практично негирање на школата на економистот Кејнс. 

Тој беше еден од главните советници на американскиот претседател Роналд Реган, но денес неговите учења се контрадикторни бидејќи предизвикаа суров капитализам и формирање на мега корпорации со неограничена моќ и неправична распределба на личниот доход. 

Сепак, кога е во прашање е-валутата беше сосема во право но, од мотиви на помала владина регулација што исто така денес е доста контроверзен став бидејќи има големи напори биткоинот да се забрани или пак целосно да се регулира.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?