ВИДЕО: Јапонци му подарија куче на Путин, што направи претседателот?
Објавено во: Свет 14 Декември, 2016
Рускиот претседател, Владимир Путин доживеал непријатна ситуација кога неговото куче едвај го смириле, при неговата средба со претставници од Јапонија.
Јапонската Влада му подари куче на Путин, старо само три месеци, како знак на благодарност. Новинарите од Јапонија кои денеска дошле да видат како живее Путин со неговиот нов пријател, едвај се спасиле да не ги нападне кучето.
Кучето, како што пренесуваат светските медиуми, лаело и тргнало кон нив, па едвај го спречиле.
Путин го држел кучето и му давал храна за да го смири.