17 Мај, 2024
0.0256

(ВИДЕО) ИМАЛЕ БОГАТСТВО ОД 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Успеале се да уништат за неколку години!

Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Семејството Вандербилт било едно од најбогатите во американската историја, но со време нивното богатство постепено исчезнувало.

Корнелиус Вандербилт веќе на 11 години се откажал од училиштето, а неколку години подоцна позајмил 100 долари од својата мајка за да купи брод кога имал 15 години. Во 1829 година, го купил својот прв параброд и го користел за десет години подоцна да биде сопственик на цела флота од 100 парабродови. Останатите бродари поради тоа го нарекувале Комодор (висок чин во морнарицата) и тој прекар ќе го следи до крајот на својот живот.

Во тоа време низ њујоршкото пристаниште поминувале три четвртини од сите американски трговски пратки, а повеќето на пат се движеле на бродовите на Вандербилт . Но Комодор тука не запрел, после граѓанската војна во САД го проширил бизнисот на железници и тоа со огромен успех. Успеал дури да осигура и монопол на доаѓањето и на заминувањето на возовите во Њујорк.


Додека на бизнис план редел успеси, со синовите немал толку добар однос. Постариот син, Вилијам Хенри, често го нарекувал со грди зборови. Токму Вилијам наследил мнозинство од богатството на семејството откако Корнелиус починал во 1877 година. Во денешни износи, наследил нешто помалку од 3 милијарди долари.

На своите ќерки Корнелиус им оставил околу милиони долари. Семејството се обидувало да го поништи тестаментот на Комодор, но по повеќе од година и пол дена судење, Вилијам Хенри добил мнозинство од оставените пари. Во рок од само девет години по смртта на татко си, успеал да ја зголеми двојно оставнината од татко му.


Со неговата смрт, почнал и падот на семејството Вандербилт. Така во 1899 година неговите синови добиле богатство проценето на повеќе од шест милијарди долари во денешни пари. Вилиам Кисам Вандербилт ја оженил Алва Ерскин Смит која била заинтересирана повеќе за организирање на забави, па во 1883 година организирала бал кој го забетонирал Вандербилт како припадници на највисоката општествена класа. Секоја гостинка, имено, од забавата си отишла побогата за скапоцена Тифани огрлица.

Наместо да се занимаваат со бизнис ширење на американскиот запад, Вандербилт се занимавале со забави и изградби на луксузни куќи. Семејството успеало да изгради дури десет луксузни вили на Петтата авенија во Њујорк. Џорџ Вашингтон Вандербилт Втори го потрошил поголемиот дел од наследството како би изградил имот во Северна Каролина.

До дваесетите години на минатиот век, новата даночна политика ги достигнала и Вандербит. Еден луксузен имот во Њујорк е целосно урнат, а бројни други недвижнини морале да се продаваат во текот на Големата депресија. Само една недвижнина во Њујорк останала во нивна сопственост.

Семејното наследство е делено помеѓу се повеќе и повеќе наследници, а и превозничката индустрија се променила. Репортерот на СиЕнЕн Андерсон Купер е далечен роднина на богаташите Вандербилт, но тој вели дека него не го дочекало тоа богатство. „Мајка ми веднаш ми кажа дека нема тајна сметка или скриен тестамент кој ќе ме чека“, рекол Купер во разговор со Хуард Стерн.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!