14 Мај, 2024
0.0358

(ВИДЕО) ИМА 86 ГОДИНИ И ЖИВЕЕ ОД КРАЖБИ: Краде накит веќе 60 години и не сака да се пензионира!

Објавено во: Свет 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Американската полиција уапсила баба од 86 години откако во златара близу Атланта во американската сојузна држава Џорџија, се обидела да украде дијамантна огрлица вредна 1 995 долари. Ја „фатиле на дело“ таман кога планирала да ја стави во џеб.

Истражителите велат дека Дорис Пејн зад себе има 60 годишно искуство во кражби. Работела ширум светот, а за неа во 2013 дури е снимен документарен филм „The Life and Crimes of Doris Payne“.

Лани ја фатиле исто така во Атланта, кога од луксузна продавница украла обетки вредни 690 долари.

Временската бабичка детството го поминала во Западна Вирџинија, а во тинејџерските години со семејството се преселила во Охајо.

Полицијата тврди дека Пејн за време на кражбите по кои станала „славна“ користела барем 22 лажни имиња, а иако неколку пати завршила во затвор, се верува дека небројни пати останала неоткриена.

Американските здруженија на златари и дијаманти толку се плашеле од Дорис што во 70-тите години на минатиот век ширум земјата делеле летоци со нејзината фотографија и лични податоци за да ги предупредат клиентите на неа, пишува Гардијан.


„Се почнало уште додека бев дете. Влегов во златара бидејќи сакав да ги разгледам часовниците, а сопственикот  беше толку драг што ми даде да ги пробам. Веројатно мислеше дека сум безопасна девојка. Заборави на мене кога во продавницата му влезе клиент, а јас само незабележливо излегов, секако со часовник на рака, раскажала во една прилика Пејн за американските медиуми“. Тогаш, додава за прв пат помислила дека всушност би можела да живее од тоа, а идејата почнала да ја спроведува во дело веќе во раните 20-ти години.

Итрата баба Дорис тврди дека никогаш немала посебна тактика за своите криминални чинови.

„Не диктирам јас што ќе се случи во златара, туку персоналот што работи таму. Не им приоѓам на продавачите од чиста мир и не барам да ми покажуваат најскапо што имаат. Тоа го прават тие самите, јас само ги шармирам со изгледот и однесувањето“, рекла самоуверената крадливка.

Поради оваа најнова кражба завршила зад решетки и ја чека судење во Атланта.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!