ВИДЕО: Хрват доби над 17 милиони евра на Евроџекпот
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2014
Евроџекпотот од 131.794.842,60 куни (17,27 милиони евра) оди во Хрватска. Во второто коло од Евроџекпот, одржано вчера, броевите 8, 18, 22, 33, 40, како и дополнителните 2 и 8 на хрватски играч му донеле милионска добивка.
Тоа е досега најголема поединечна добивка во Хрватска. Бидејќи е погоден Евроџекпот, во следното коло се игра за 76 милиони куни.
Тикетот бил уплатен преку интернет. Евроџекпотот е европска лотарија во која учествуваат земјите-членки на ЕУ, а за првпат започна да се организира во 2012-та година. http://www.youtube.com/watch?v=7RWewqv959Q#t=139