(ВИДЕО) ХОРОР: Пожар во Истанбул „проголта“ хотел
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2017
Две лица синоќа изгореа во пожар во хотел на 6 ката во квартот Кумкапи во Истанбул.
Засега не се знае што довело до појава на пожар на првиот кат.
Поради густиот чад кој се ширел во објектот, голем број гости и туристи останале на горните катови.
По дојава на граѓаните, стигнале пожарникари и брза помош.
Луѓето се евакуирани, а пожарот е изгаснат.
По гасење на пожарот внатре се најдени две тела, а на двајца пожарникари им е укажана помош поради вдишување на чад.