(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ГРЦИЈА: Mанастирите на Света Гора не се загрозени
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2020
Голем пожар беснее на третиот крак во Грција.
Огнот се појави преку патот од Неа Рода, а манастирите на Света Гора не се загрозени.
На теренот има 20 возила, 59 пожарникари, три авиони и еден хеликоптер.
Во гасењето на пожарот учествуваат и волонтери, објавија грчките медиуми.
Лани во август на повеќе локации во Грција имаше пожари.