(ВИДЕО) ГИ БРКА ОД ЗЕМЈАВА: Човек снима и навредува Кинези во Скопје поради коронавирусот
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020
На Твитер се појави видео на кое се гледа како човек во Скопје со мобилен телефон снима Кинези, ги пцуе, навредува и им порачува да си одат во Кина поради коронавирусот.
Тој погрдните зборови ги кажува на македонски и англиски јазик. Луѓето не реагираат на провокациите.
На Твитер има негативни реакции за овој инцидент, и се бара полицијата да преземе мерки.
Коронавирусот зема замав, и во повеќе земји во светот веќе има инфицирани.