01 Мај, 2024
0.0251

(ВИДЕО-ФОТО) Во овој град сите живеат под земја, откријте зошто!

Објавено во: Стил 21 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Рударскиот град во АвстралијаКубер Педи е познат како светска прстолнина на опалите (драгоцен камен), кој уште кај старите Грци и Римјани важел за симбол на надежта, невиноста и чистотата. Најскапите опали се вадат овде, а името на градот му го дале Абориџините - „купа пити“, што во превод значи „бел човек во дупка“.

Сепак она што е најинтересно во овој град е дека поради високата температура, која редовно преминува над 50 степени, сите жители, кои ги има околу 1700 живеат под земјата.

Гледано однадвор пределот изгледа како во познатиот филм „Збеснатиот Макс“. Сепак, вистинската слика се крие во утробата на земјата. Тука се наоѓа се што можете да очекувате во еден модерен град.

Она што е посебно интересно и поврзано за овој град е дека во него се наоѓа и православна црква посветена на Свети Илија. Црквата е богата со прекрасни витраж прозорци, низ кои надворешна светлина се рефлектира, како и статуите на светци врежани во карпи.

Најголем проблем за луѓето кои живеат во куќите во овој рударски град претставува недостатокот на вода. Мештаните живеат во куќи кои се врежани во карпи, тука се три спални соби, дневна, кујна и тоалет.

Цената е иста како и за куќа на површината на земјата. Ако нема итна потреба, човек не мора да излегува надвор на светлина, а ако сака да го прошири станот може да ископа нова просторија.

При проширувањето на куќата секој може и да се збогати! Имено, во Кубер Педи се наоѓаат наоѓалиштата на племенитиот опал, кој се вбројува во драгоцените камења и ако сопственикот има среќа да наиде на наоѓалиште ги решил сите свои проблеми.

Погледнете го видеото: