18 Мај, 2024
0.0395

(ВИДЕО+ФОТО) Следната сезона на SURVIVOR во „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“!

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

„Не ја бараме удобноста што ја имаат раководството и нашите колеги од Парламентот во своите фотелји, бараме само нормални услови за живот. Бараме да живееме, а не да опстануваме. Оти мене секојдневниот недоварен ориз во менза, крпените кровови и ѕидови, расипаните тоалети, недостигот на топла вода и греење, ме потсетуваат  на реалното шоу Survivor, не на студентски живот во вистинска смисла на зборот. Ептен ако даваат награди за тие што ќе издржат највеќе, ќе разберам зошто е олкава незаинтересираноста за нас. Се надевам дека јавно  ќе успееме да се охрабриме и да  викнеме  – Загрозени сме и ни треба помош!”-вели за Фактор,  студент  кој втора година е  сместен во најозлогласениот блок Б во студентскиот дом “Гоце Делчев”. Во овие услови, додава нормално е да остане анонимен, бидејќи притисоците одат дотаму што веднаш ќе му биде земено и она мало парче од собата која ја дели со уште двајца колеги. Кога го прашавме како поминува еден ден во домот, веднаш изреагира: “Еден ден?!  Зошто не прашате како изгледа една година, едно целосно студирање? Еден ден е само соочување со предизвик! Тогаш првин ти треба време да реализираш кај си, во кое време си и со што го имаш заслужено ова?!” [embed]https://www.youtube.com/watch?v=yTyo_0cX7m0[/embed] Условите во собите, продолжи да раскажува, зависат од самите студенти по принципот  “Како ќе си постелеш – така ќе си легнеш!”  Имаат слобода да ги уредат меѓутоа на иселување треба да ја вратат  во првобитна положба- демолирана или блиску до тоа, така што вели не вреди да ја реновираат  целосно. Влагата по ѕидовите веќе им станала секојдневние. “Се прашуваш дали цената што ја плаќаш во пари е вредна за ова, а за цената што ја плаќаш со загрозување на здравје, нервоза и целовремено утешување дека ќе се навикнеш и ќе биде подобро знаеш дека е неисплатлива. Поголемиот дел од собите се оштетени, има влага, мувла, готова храна како што се печурките по ѕидовите, со еден збор – болести. Ходниците се во страшна ситуација на некои места каде што кровот е пред паѓање, ѕидовите се лупат на секој допир, а не дај боже да се потпреш на него, се рони цел”- потенцира студентот. 1383801_10151809202519915_1807062700_n Како заштита години наназад студентите или нивните родители на стартот на академската година  доаѓаат во градежна офанзива, па  колку -толку да се заштитат барем просториите за престој, ставаат изолација по ѕидовите. Вода за пиење велат нема во повеќето блокови, а онаа што тече низ старата инсталација е со чуден мирис и боја. Не треба да сте експерти- се шегуваат студентите, за и од око да видите дека водата не е за пиење, а дополнително прашање е дали може да се користи и како техничка. “Лепиме стиропол по ѕидовите, ја стругаме влагата со ножеви. Водата за пиење е катастрофа поради самата причина дека цевките за довод не се менети одамна и во истата вода наоѓаме парчиња од пластика или железо. Ставаме филтри или прочистувачи на чешмите в соба кои се запушуваат за не помалку од две недели поради фактот дека водата е „чиста“. А ако ја нема, тогаш е пострашно. Кој има пари ќе си купи флаширана, кој не – ќе си полни шишиња од другите блокови каде има. Во најголемиот број од собите се сместени по двајца студенти. Просторот е доволен за основни услови и за наши потреби меѓутоа не секоја соба има доволно инвентар. Самите си додаваме полици, шкафчиња во кои би ги пикале сите работи кои ни се потребни, дали тоа било облека, книги, храна, садови итн. Исто така има и апсолвентски соби во кои ситуацијата е поинаква поради тоа што во нив седи еден студент. Собата е потесна меѓутоа за еден е задоволително”-објаснува студентот. goceMediumi1111-627x320 Храната вели е приказна за себе. Оние пребирливите сигурно често отануваат гладни бидејќи во кујната каде што се приготвува и сервира храната честопати наоѓале влакна, лебарки, удавени муви во чиниите. “ Од храна имаме неколку видови јадења, сите го издвојуваме гравчето бидејќи го има во најголема количина и претежно е топло само тоа. Под најголема количина мислам на порции за една третина од студентите шо живееме таму. Другите или закасниле во редица, или се откажале од постојано чекање. Бонови добиваме доволно за две јадења во ден и по некој купен производ од бонската продавница што кога се полни истата, во студентскиот е празник, сите сме таму во ред и гледаме да земеме производи во што поголеми количини, да имаме залихи, оти не знаеме кога и дали пак ќе ја „наполнат“. Хигиената е под ниво. Посебно во кујната каде што се приготвува и сервира храната. Честопати наоѓаме влакна, лебарки, удавени муви во чиниите. За разлика од тоа, во ходниците редовно чистачките го собираат ѓубрето освен некои работи кои стојат на некој спрат и нема кој да ги симне дека се претешки-душеци, даски, искршени столови и бироа”-раскажува студентот сместен во домот. timthumb Порано студентските домови  беа препознатливи по условите но и по забавите кои беа автентични и неповторливи. Но од културно-забавниот живот според студентите денеска останала само по некоја турбо-фолк забава. Читална велат одамна немаат, па учат или во собите или надвор. “Диското или пак клупчето кое работи секој вторник и петок, од каде ечи турбофолкот, е единствената забава што може да ја искусите во нашиов студентски. Се пие, се пее, без оглед на тоа дали на некој му смета тоа или не. Можеби некој ќе организира забава на спрат па ќе се соберат повеќе луѓе и ќе изгледа покултурно тоа, но се случува поретко. Има една читална во која лани падна кровот поради влага. Сега слушнавме дека има некаква донација во парични средства од некоја компанија, па во тек е нејзино реновирање. Исто така во реновираниот блок од кампусот се планира делот за заедничко дружење да биде направен во склоп на читална па се надеваме дека ќе можеме таму да учиме во нормални услови, на топло и без да очекуваме во секој момент да ни падне кров над глава”-додава студентот од “Гоце Делчев”. Спортските активности на смеа вели  се качување на куфери секој викенд од приземје до четиринаесетти кат, кога не работат лифтовите, а тоа е во поголемиот дел од времето. А и да работат, додава стравот од тоа дека може да се заглават во него или да се откачи на кој било кат е голем. hodnik-studentski-2     “За да биде  иронијата поголема, имаме теретана во еден од блоковите која треба оваа година да се отвори и секој што е заинтересиран може да вежба таму. Со сите дополнителни трошоци живееме живот блиску до мизерниот. Затвореници живеат во подобри услови од нас. За да имаме скромен студентски стандард треба некој да вложи во ТОА, не во фигури, споменици и тркала по плоштадите. Очекувања? Веќе ги немаме, откако ќе се навикнеме на условите очекуваме само дека ќе издржиме до крај. Можеби некој очекува дека сето ова ќе се смени, но само од себе нема. Додека на сите ни е страв да излеземе и гласно да го бараме тоа што го заслужуваме како идни акедемски граѓани на државава не правиме ништо”- вели студентот. Стравот порачува е најголемото зло со кое во моментов се соочуваат студентите.Тие молчат и трпат бидејќи не е лесно да се биде студент од внатрешноста дојден  во голем град, со скромен семеен буџет и ограничени можности за престој.Тој  очекува конечно студентската младина отворено да проговори за проблемите и студентите сместени во домовите да бидат први кои ќе кажат гласно НЕ за мизерните услови во кои живеат. Само студентска борба според него може да  донесе промени за овие но и генерациите кои допрва треба да живеат во студентските домови. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа