16 Мај, 2024
0.0287

(ВИДЕО-ФОТО) Што е подобра инвестиција – супер автомобил или луксузна куќа?

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска сите знаат дека паметно вложените пари во некои од супер-автомобилите кои се произведуваат во ограничена серија може на сопственикот да му донесе добра заработка. Меѓутоа, пред неколку децении, на луксузните спортски автомобили се гледало како на несигурна инвестиција, а богатите вложувале во скапоцени недвижности -луксузни куќи и вили. Кога во 1994 на пазарот се појави сега веќе легендарниот „McLaren F1“, љубителите на спортски автомобили биле воодушевени. Сепак, мал број купувачи кои имаа можност да издвојат 650.000 фунти за Ф1 се одлучиле за купување со идеја еден ден автомобилот да го продадат и да заработат големи пари. Имотните купувачи со задоволство вложувале во скапи недвижности за кои знаеле дека во иднина ќе вредат повеќе. Дваесет години подоцна ги чекало изненадување. 6975014765492c217b8fca628116753_640x47385 Вистина , оние кои во 1994 год купиле луксузна куќа со имот во непосредна близина на Лондон и ја платиле 650.000 фунти, колку што тогаш чинел и „McLaren F1“, заработиле со оглед на тоа дека врдноста на недвижноста скокнала на 2,5 милиони фунти. Сепак, нивната заработка е исклучително помала од сопствениците на „McLaren F1“ кои го задржале автомобилот во своје поседување во текот на 2 децении, видејќи неговата вредност денеска се проценува на 6,5 милиони фунти. Тоа е десет пати повеќе во однос на вложените пари. Дури и кога се пресмета и инфлацијата, секако во прашање е добра заработка. „McLaren F1“ престанал да се изработува уште во 1998, а произведени се само 106 примероци. Од сите направени автомобили, само 64 од нив биле наменети за возење по јавни патишта. Овој автомобил е опремен со 6,1 литарски V12 мотор со 636 КС, благарение на што до 100 забрзува за 3,2 секунди.  

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“