17 Мај, 2024
0.0280

(ВИДЕО-ФОТО) ПУТИН: Ништо не може да го уништи единството меѓу нас Словените

Објавено во: Свет 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Претседателот на Русија Владимир Путин одржа редовна годишна конференција за новонари која траела три часа и 10 минути.

Во текот на конференцијата за новинари, Путин одговорил на 53 прашања, меѓу кои биле оние кои се однесуваат на Украина, гасот, меѓународната политика, неговиот приватен живот и друго.

Ни на десетата по ред конференција немало ограничувања ни по прашање на теми, ниту во поглед на времето.

Претставникот на Путин за медиуми Димитриј Песков за агенцијата Тас претходно најавил дека Путин ќе одговара на прашањата толку долго колку што ќе смета дека е потребно и дека не се бори за постигнување никаков рекорд.

Најдолгата досега конференција била онаа во 2008 година и траела четири часа и 40 минути. Според неговите зборови, право да постават прашање на Путин имале 1259 акредитирани новинари.

Разговорот на Путин со новинарите симултано е прведуван на англиски, француски и германски јазик, а директно ќе го пренесуваат три ТВ и радио -станици.

Путин ветил дека ќе им помогне на домашните произведувачи да го освојат рускиот пазар.

„Факт е дека имаме свои национални безалкохолни пијалоци, вклучувајќи го и квасецот, и потребно е да ги промовираме“, рекол Путин.

Тој додал дека тоа не треба да се прави со наредби, така што некој би го избркале од пазарот со создавање неповолни услови, пренесува Тас

„Можеме и ќе се потрудиме да ви помогнеме да го освоите рускиот национален пазар кој по право ви припаѓа“, порачал рускиот претседател.

Според неговите зборови, конкуренцијата е сериозна, а како пример ја посочил Кока-кола ,иако напоменал дека експертите тој пијалок го сметаат за штетен, посебно за деца.

НАШАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ СЕ ОПОРАВИ

Моменталната состојба во Русија е резултат воглавно на надворешните фактори, но нејзината економија ќе се извлече и покрај најнеповолните надворешни економски сценарија, рекол Путин.

„Јасно е дека состојбата во моментот е резултат воглавно на надворешни фактори, пред се цената на нафтата и гасот, но верувам дека Владата и централната банка ги превземаат одговарачките мерки.

Тој оценил дека и кон најнеповолното надворешно економско сценарио оваа состојба моќе да потрае две години.

Tan2014-12-18_112856172_0

РУСКИОТ ГАС НАЈСИГУРЕН

Изградбата на ново европско складиште на гас на границата со Турција и Грција зависи од европските земји, изјавил рускиот претседател и оценил дека во блиска иднина нема да има ниту поефтин ниту постабилен гас од оној кој го нуди Русија.

„Доколку евроспките земји сакаат стабилно и целосно снабдување со гас од Русија, тогаш ќе работиме и преку Грција може да дојдеме до Македонија и понатаму преку Србија се до Баумгартнер во Австрија. Ако европските земји не се заинтересирани, тогаш ние тоа нема да го правиме“, рекол Путин на годишната конференција за новинари.

Нашиот нафтовод ќе биде граден преку територијата на Турција и ќе го замени проектот Јужен тек, од кој, како што објаснил Путин, се откажале поради противењето на Европската унија.

p (4)

САД ИМААТ БАЗИ ШИРУМ СВЕТОТ, А НАС НЕ ОБВИНУВААТ ДЕКА СМЕ АГРЕСИВНИ

„Што се однесува до воените вежби и развојот на нашите воени сили, Русија во одредена мерка влијаеше на порастот на тензиите. Но , само во смисла да ги браниме нашите интереси на поостар начин. Ние не сме агресивни. Американците имаат воени бази ширум светот , и вие велите дека ние сме агресивни? Буџетот на Пентагон е 10 пати поголем отколку рускиот. Дали сме ние тие кои ја приближуваат војската и воената структура близу до границите на другите земји? Се што ние слушаме е „Гледајте си ја вашата работа“. Кој доброволно излезе од договорот за антибалистичките ракети? САД во 2002. Сето ова предизвикува нови закани за нас. Веруваме дека сме во право што се однесува на кризата во Украина, рекол Путин.

p (3)

НЕ Е ВОЗМОЖНО ДА СЕ УНИШТЕ ДУХОВНОТО ЕДИНСТВО ПОМЕЃУ НАС

На прашањето за можните сојузи со словенските нации, Путин одговорил: „Тие мали земји се под притисок. Сепак, невозможно е да се уништи духовното единство помеѓу нас“.

ИМАМ ДОБАР ОДНОС СО ПОРАНЕШНАТА ЖЕНА
Одговарајќи на прашање за љубовниот живот, Путин рекол: “Да, имам љубов, се е во ред, нема потреба да се грижите. Имам добар и пријателски однос со поранешната сопруга Људмила. Се е во ред и со моите односи со ќерките, но не ги гледам доволно.
Тој прераскажал како во една прилика пријателот го праша за состојбата на љубовен план.
„Тој ме праша: Имаш ли некоја љубов? Јас му кажувам: Во која смисла? Па, дали сакаш некој? Па - да. А тебе дали некој те сака? Одговарам - да“, рекол Путин, додавајќи дека пријателот после тоа почуствувал олеснување.
p1 (1)
ПОРОШЕНКО НЕ САКА ВОЈНА
Кога станува збор за состојбата во Украиан Путин вели дека ако Киев сака мир, тогаш мора до ги почитува интересите на граѓаните на Донбас, како и дека Русија е подготвена да биде посредник за почеток на дијалог во Украина.

„Кризата во Украина мора да биде решена со политички средства“, истакнал тој, додавајќи дека Русија ќе продолжи да му помага на Донбас.

p (2)

РАСТ НА РУСКИОТ БДП
Путин рекол дека рускиот БДП за 10 месеци забелажал раст од 0,6 - 0,7 одсто.
Исто така рекол дека руската Централна банка нема безглави да ги расипува резервите, кои сега изнесуваат 8,3 трилиони рубљи.
p2
На ова видео може да ја погледнете целата конференција.
И.Р

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра