19 Мај, 2024
0.0252

(ВИДЕО) Фејсбук планира ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ во 2015, еве што не чека!

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Како би останал на тронот и наредната 2015 година, Фејсбук подгтовува неколку големи проекти. Меѓу нив се дроновите кои интернет сигналот ќе го покријат на непристапните места на светот, потоа постои план на полето на виртуелната реалност, а тука се и проектите поврзани со разменувањето на пораки.

Социјалната мрежа Фејсбук која има повеќе од 400 милиони корисници ширум светот, и во оваа, заминувачка 2014 година остана меѓу најпопуларните и најпосетувани социјални мрежи. Сепак, за да се задржи на тоа место, Фејсбук, за наредната 2015 година подготвува неколку големи проекти. Меѓ нив се  дроновите кои интернет сигналот ќе го покријат на непристапните места на светот, потоа исчекор во виртуелната реалност, а тука се и плановите на полето на разменување пораки. Како што пишува сајтот  mashable.com, врз основа на проектот на компанијата во последните неколку години, може да се извлече заклучок што подготвува Фејсбук за наредната. Еден од главните планови е обид да се загрози популарниот сервис „Snapchat“, апликација за размена на самоуништливи пораки. Фејсбук најпрво ја купи „ВатсАп“ за 16 милијарди долари, потоа се обиде за три милијарди да го купи и „Snapchat“, но таа понуда е одбиена. После тоа, Фејсбук лансираше и своја апликација „Slingshot“, апликација за допишување преку која е можно да се снимаат и кратки видео-клипови, но и лајкување на нов интересен начин. Фејсбук исто така инвестираше и на полето на виртуелната реалност. Во прашање е проект на виртуелна стварност, на  Окулс Рифт кој проектот го започнал на „Kickstarter“, а Фејсбук си го „присвои“ за две милијарди долари.

Планот е со заеднички сили да направат револуција на тоа поле.

Што се однесува до плановите поврзани со интернет конекцијата, Фејсбук планира да овозможи пристап на Интернет на местата кои му се „на Бог позади грб“.

Во соработка со компанијата „Ascent“ Фејсбук планира преку дронови да обезбеди интернет на местата каде тоа не е возможно.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата