18 Декември, 2025
0.1522

(ВИДЕО) Џамбаски oд срцето на Скопје: Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2023 16:04

Добивај вести на Viber

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од Скопје денеска порача „да живее бугарска Македонија“. 

Тој дојде во земјава по повод одбележувањето на 95-годишнината од смртта на  Мара Бунева. Европратеникот се заблагодари на сите кои се вложиле за како што рече слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. 

„Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!“, вели тој. 

Ова не е првпат тој да провоцира. Истиот наратив го користи долго време. 

За делото на Мара Бунева, свој став сподели и екс премиерот Љубчо Георгиевски. 

Со реакција за настанит се јави и ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.

„Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси. Негирање на Македонија, во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ. Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика. За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кок има аспирации кон Македонија“, стои во соопштението.

Граѓаните на социјалните мрежи го коментираат настанот, посебно затоа што Џамбаски секогаш упатува провокации кон Македонија. Toj негира дека во Бугарија има Македонци, а истите и ги навредуваше. Ги обвинуваше за сепаратизам.

Тој велеше дека македонизмот е бастион кој треба да го срушат. 


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми