Џамбаски му возврати на Османи: Крајно време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2022 10:46
Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски побрза да му возврати.
Југославија се распадна, а сега е крајно време да се урне последниот бастион - македонизмот-напиша на Фејсбук Џамбаски.
Кралот Борис III Обединети за последен пат е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите, пишува европратеникот, возвраќајки му на Османи дека тоа не било провокација, туку факт.
„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда не можат да ја променат историјата. И таа покажува дека бугарските трупи биле дочекани како ослободители со цвеќе и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.
Крајно време е политичарите крај Вардар да разберат дека нивниот страв од распаѓање на лагата не оправдува омраза и репресија врз Бугарите. Југославија се распадна, време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот“, напиша Џамбаски на Фејсбук.
Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука сметам дека е провокација. Дури ќе одам и подалеку, мислам дека е на штета на интересите на бугарската заедница во државава, истакна министерот Османи.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




