19 Мај, 2024
0.0265

(ВИДЕО) Двајца повредени во протести во Приштина, се судрија полицијата и демонстрантите

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Косовската полиција со солзавец и водени топови успеа да ги спречи демонстрантите да стигнат до владата и собранието во центарот на Приштина, за време на протестите организирани од движењето „Самоопределување“.

Двајца се повредени, а според косовските медиуми повреден е и шефот на „Самоопределување“ Висар Имери.

Инцидентите почнаа откако претставник на „Самоопределување“ Дардан Муличај и постави ултиматум на полицијата во рок од 15 минути да ги тргне барикадите поставени пред зградата на владата, каде се распоредени си специјалните единици, зашто станувало збор за мирни протести.

„Ние не сме дивјаци и не е потребно толкаво обезбедување. Бараме Трепча итно да стане јавно претпријатие“, вели Муличај.

Демонстрантите бараат и смена на министерот за враќање и заедници, Александар Јаблановиќ зашто демонстрантите што на Божик во Ѓаковиќа спречија да минат автобуси со раселени Срби ги нарекол „дивјаци“, како и комбинатот Трепча итно да стане јавно претпријатие, на што се спротивставува владата на Србија и политичките претставници на Србите од Косово.

Демонстрантите носат пароли „Без Трепча нема држава„, „Трепцча е наша, а не српска“, „Иса (премиерот на Косово Мустафа) е слуга на Србија“, „Хашим (првиот потпретседател на владата Тачи) во затвор“ и други.

Министерот Јаблановиќ на вчерашната седница на Владата нагласи дека неговата изјава била погрешно разбрана.

На протестите во саботата, демонстрантите ја каменуваа зградата на косовската влада, при што беа повредени 19 полицајци и четворица цивили, а приведени 22 демонстранти.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија