13 Мај, 2024
0.0257

(ВИДЕО) ДВА ТРИКОВИ КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ НА РОАМИНГ: Повици ќе платите четири пати поевтино, а пораките се речиси бесплатни!

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија донесе одлука од 15 јуни оваа година официјално да се укине роамингот во земјите членки, што значи дека ние ќе бидеме изоставени од овој процес и дека за нас во европските земји и понатаму ќе важат огромните цени на повици, пораки и интернет. Меѓутоа, постои трик како и ние значајно поевтино да плаќаме за повици, пораки и интернет додека сме во странство. Во прашање се интернационални СИМ картички кои нудат доста поевтини цени на раомингот и кои, покрај државите на ЕУ, ќе важат и во мнгоу други земји.

Forbesfone е интернационална СИМ картичка која функционира во повеќе од 220 земји на светот и со помош на која е можно да се заштеди и до 80 отсто од цените на роамингот на вашиот оператор.

Се порачува преку интернет, а можно е да изберете два различни пакети Talk Plan (повици, СМС, и интернет) и  Data Plan (само интернет).

Цените на повици се движат од 0,10 евра за минута, додека цената на еден мегабајт во просек е околу 0,05 евра. Праќањето СМС порака е околу 0,06 евра а цените варираат од земја до земја.

Процесот на добивање на оваа картичка е прилично едноставен.

Неопходно е да отидете на сајтот forbesfone.com, да се регистрирате, да го изберете саканиот пакет и број на телефон. Кога картичката ќе ви стигне на домашната адреса, истата е потребно да ја внесете во телефон, повторно да влезете на сајтот, да се логирате со вашите податоци за пристап и да ја активирате СИМ картичката. После тоа. можете да отпатувате било каде и секогаш ќе може да зборувате, сурфате на интернет и да праќате пораки по драстично ниски цени.

Единствен проблем кај оваа картичка е тоа што нема да можете да го користите својот број на телефон, а исто така никој нема да може да ве бара, вие единствено ќе може да повикувате (да се јавувате од овој број).


Покрај картичката на „Forbesfone“, постои и  ChatSim картичка која овозможува неограничен праќање на пораки по пат на најпопуларните апликации за допишување (WhatsApp, Viber, Facebook Messenger…), без разлика каде се наоѓате.

За само 12 евра или нешто повеќе од 700 денари годишно ќе може да праќате пораки и емотикани по пат на Whatsapp-a, Facebook Messenger, Viber и многу други инстант апликации за допишување во било која земја на светот. Благодарение на оваа картичка ќе останете во контакт со семејството. пријателите и колегите.

Единствено што треба да направите е да ја вметнете оваа картичка во својот мобилен телефон и да почнете да „четувате“. Бројот ви останува ист, освен што никој нема да може да ве добие по пат на повици, бидејќи таа опција не работи.

Според проверките кои ги направивме, оваа картичка во Македонија може да ја користат корисниците на ВИП операторот.

Како функционира оваа chatSim картичка?

Пред своето патување порачајте ја картичката по пат на веб страницата  www.chatsim.com. Картичката важи година дена. Активацијата е едноставна и се работи за само неколку кликови кои треба да ги направите на страната или овде.

Кога картичката стигне на вашата адреса, едноставно внесете го бројот кој се наоѓа на картичката, вашиот број, и таа е подготвена за употреба. Секако, немојте да заборавите да ја ставите картичката во телефонот, бидејќи без допишувањето нема да функционира.


Доколку не ви се допаѓа ниту една од споменатите опции, секогаш можете да купите нова СИМ картичка во земјата во која патувате. Исто така, многу земји нудат СИМ картички кои важат неколку дена и кои нудат евтини цени на повици, пораки и интернет за туристи.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра