Видео: Бункерот на Тито во кој требало да се скрие од нуклеарна катастрофа
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2017
Видео каналот Great Big Story објави кратка репортажа за бункерот лоциран во босанскиот град Коњица кој требало да послужи како скривалиште за Јосип Броз Тито и државниот врв на екс Југославија во случај на напад со нуклеарно оружје. Бункерот до денес е речиси недопрен, сите системи за заштита функционираат беспрекорно, има бројни одаи за состаноци, контролен центар, како и приватни соби за сместување. Денес служи како музеј за модерна уметност и успеа да го преживее хаосот од војните во поранешна Југославија.