(ВИДЕО) АВТОМОБИЛИ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ: Невреме ја зафати Грција
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2023 17:12
Снежно невреме ја зафати и Грција.
Невремето „Барбара“ го погоди јужниот сосед, а веќе има проблеми на Пелопонез, Евија и Атика, која од утрово е под снег. 1.100 полицајци се на теренот заедно со војската и пожарникарите. Сериозни проблеми веќе има на Евија, каде неколку автомобили се заглавени во снегот, на централните сообраќајници, каде дури се очекува прекин на целиот сообраќај. Училиштата утре ќе останат затворени. Во северните делови на Атина утре ќе бидат затворени и сите продавници.
Невреме има и во Србија, каде 25.000 граѓани се без струја.
Во снежно невреме во Хрватска, едно лице загина.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




