Силно невреме однесе жртва во Хрватска
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2023 12:42
Силно невреме ја зафати Хрватска, при што разорен ветер урна објекти, а има и еден загинат. Во реката Дунав кај Вуковар е пронајдено безживотно тело на маж, по што претходно беше организирана потрага, соопшти денеска хрватската полиција.
Порталот Индекс претходно објави дека маж се обидел да спаси чамец од големо невреме и силен ветер што ја погоди Хрватска. Неговото тело е пронајдено на 200 метри од местото каде што наводно паднал во реката.
Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска објави црвен метео аларм за Велебитскиот канал и јужна Далмација.
„Ветерот ја крена целата конструкција, внатре имаше машини, трактор, останаа само темелите. Шупата излета седум метри до другиот дел од шталата со 200 овци и 100 јагниња. Фала богу, никој не беше повреден“, изјави за хрватскиот портал 24.sata.hr, жител на Плашник кај Гарешница во Хрватска, за последиците од невремето што во саботата ја зафати Хрватска.
Издадено е и портокалово предупредување за подрачјето на Риека, Сплит и Дубровник, западниот брег на Истра и Кварнер поради силно и многу силно невреме.
И во Србија има снежно невреме. Таму 25.000 луѓе се без струја.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




