Видео: Ако сакате повисока плата мора да ја побарате
Објавено во: Економија 30 Мај, 2017
Искусната тренерка за кариера Сузи Мур и автор на бизнис книгата „Што ако навистина успее“, на сите вработени им порачува дека ако сакаат повисока плата за која сметаат дека не ја добиваат мораат да ја побараат од шефот и претпоставените.
Мур ја базира оваа идеја со тоа што најпрво треба да откриете колку навистина е платена работната позиција која ја извршувате, но исто така треба да знаете што вие придонесувате за фирмата, какви се вашите предности и колку може да напредувате.
Затоа не треба да се плашите од тој толку незгоден и тежок разговор со директорите бидејќи може многу да влијае на вашите вкупни приходи.