(ВИДЕО) Ај, бркај работа - му рече Апасиев на новинар
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020
Првиот човек на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска на новинарот Фуркан Салиу му одговори со „Ај, бркај работа“, откако тој пред обвинителството го праша дали знае што е муџахедин и постави повеќе потпрашања.
Апасиев рече дека и нему му се заканувале. Го праша новинарот дали видел дека се заканувале на неговото дете и дека ја пцуеле неговата сопруга.
Откако новинарот инсистираше на одговор, а Апасиев врати со контра прашање, следеше коментар „Ај бркај работа.“
Апасиев кажа дека статуси не брише.
Тој час и половина одговараше на распит кај надлежниот обвинител за фамозната закана „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“ која новиот пратеник ја напиша на Фејсбук по парламентарните избори.