14 Мај, 2024
0.0254

(ВИДЕО) 10 Мрачни тајни на Џорџ Сорос: Малверзации и скандали кои го обележаа животот на милијардерот!

Објавено во: Свет 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Милијардерот Џорџ Сорос е еден од најконтроверзните и најмоќни луѓе на планетата. За едни тој е борец за демократија и херој на источна Европа. За други стана најлошиот човек на светот затоа што ги финансира левичарските организации ширум светот.

Во текот на американските избори се откриени неговите врски со неуспешната кампања на Хилари Клинтон, а е откриено и дека е сопственик на машини за гласање во 16 американски сојузни држави. Меѓутоа, како што пишува Listverse, овие десет настани покажуваат дека тој веќе со децении бил контроверзна личност и надвор од политиката.

10. Уништување на Банката на Англија

Во 1992 година британската валута ја изгубила вредноста толку да е отфрлена од европската статистика. Одекот се почуствувал ширум светот, а повеќе од 3 милијарди фунти преку ноќ исчезнале од владините залихи. Британија била понижена, фунтата на колена, и луѓето изгубиле добар дел од заштедите.Зад се тоа бил Сорос. Во тоа време работел како валутен шпекулант за Квантум фонд и го предводел јуришот на британската валута. Ја продавал валутата и подоцна ја купувал по ниски цени. После говорел дека заработил милијарди фунти тргувајќи со туѓи пари. Во историјата тој ден е запамтен како Црна среда и четврт век подоцна, Сорос е и понатаму омразен поради нападот на валутата.


9. Влошување на малезиската криза

Азиската финансиска криза од 1997 година ги уништила животите на милиони луѓе и неколку влади паднале поради таа економска катастрофа. Иако секоја земја поинаку ја почуствувала кризата, малезиската валута била една од најтешко погодените. Рингитот изгубил речиси половина од вредноста и практично во неколку секунди и Сорос бил еден од најлошите шпекуланти. Тогашниот малезиски премиер Махатир Мохамед отворено го обвинил Сорос дека ја уништил нивната економија.

8. Уништување на талјандските банки

Епицентарот на азиската криза бил Тајланд чија валута изгубила 60 отсто од вредноста. Сорос заработил огромни пари, но милиони Тајланѓани останале без работа и повеќе од пола милион странски работници морале да си одат од Тајланд затоа што неколку економски сектори буквало пропаднале.


7. Oбид за уништување на Хонг Конг

Откако го урна пазарот на Тајланд и Малезија, Сорос се сврте кон Хонг Конг. Бил убеден дека е само прашање на време кога ќе успее да ја турне и нивната економија, но тогашниот министер за финансии Доналд Чанг Јем-куен бил одлучен. Потрошил повеќе од 100 милијарди хонгконшки долари како би го запрел Сорос и неговите планови. Самиот Сорос признал дека Јам-куен е заслужен за финансискиот опстанок на Хонг Конг.

6. Премногу трошел на политика

Во средината на минатата деценија малтене преку ноќ се појавило мноштво групи кои собирале донации и влијаеле во политиката. Ги користеле сите можни начини како би ги зобиколиле ограничувањата за политички донации и кога сојузните власти конечно одлучиле да влијаат, „Америка каминг тугедер“ добил казна од 755 000 долари. Тоа е уште една од најголемите казни кои сојузните власти и ги изрекле на некоја политичка организација. Еден од најголемите донатори е токму Сорос и им помагал да соберат повеќе од 130 милиони долари во текот на кампањата за претседателските избори во 2004 година.


5. Ја финансирал Лајн Стјуарт

Омар Абдел Рахман инспирирал бомбаши самоубијци од 1993 година кои се обиделе да го урнат Светскиот трговски центар. Имал тајни врски со египетски терористи и ја наговорил адвокатката Лајн Стјуарт да им пренесе пораки на соработниците надвор од затворот. Властите тоа го откриле и ја обвинуваат Лајн за помагање на терористи. Организацијата на Сорос, Институтот за отворено друштво ја финансирала нејзината одбрана. Стјуарт е осудена на 10 години затвор за помагање на терористи.


4. Лицемерен данок

Откако е откриено дека заработил повеќе од 13 милијарди долари со избегнување на плаќање данок, американските власти ги промениле законите и му наредиле на Сорос да плати 6,7 милијарди долари заостанат данок. Тој одговорил така што ги префрлил сите тие пари во Ирска.

3. Бизарни секс-скандали

Сорос има повеќе од 80 години и веќе со децении е еден од најбогатите луѓе на светот па не треба да не чуди што славниот заводник на манекенки има веќе значителна залиха на скандали. Можеби и најлуди спорови се оние со бразилската глумица Адријана Фереира . Во 2011 година во текот на судска расправа го нападнала адвокатот и Сорос. Милијардерот го удрила по глава, а на адвокатот му ги скршила наочарите. Судот го отфрлил нејзиното барање за доделување на стан од 2 милиони долари и неа ја казнил поради непочитување на судот.


2. Tајни напади на Израел

„Отворена граѓанска фондација“ во последните осум години финансира цела мрежа тајни организации кои се обидуваат да влијаат на американската политика. Имаат само една цел, а тоа е раскинување на политичките врски на САД и Израел. Израел така би останал без најмоќниот сојузник.

1. Осуден за трговија со информации

Кон крајот на осумдесетите години, Сорос добро заработил затоа што знаел дека се подготвува преземање на француската банка Сосиете женерал. Заработил и нешто повеќе од 2 милиони долари на тоа преземање, но и денес тврди дека не е виновен. Француското и европско правосудство го осудило поради тргувањето со информации и на крај е одлучено дека мора да плати казна од 2,3 милиони долари што ни ден денес не платил.

Можеби ќе ве интересира

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков