(ВИДЕО) Украина мора да се помири дека нема да влезе во НАТО, вели Зеленски
Објавено во: Свет 15 Март, 2022
Украинскиот претседател, Влодомир Зеленски вели дека Украина мора да прифати дека нема да влезе во НАТО.
Тој додаде дека руските пропагандисти „постојано зборуваат дека војната во Украина е само почетокот, а спомнуваат многумина од вас кои сега ме слушаат, ќе дојдат и кај вас“.
Зеленски изјави дека Украина мора да се помири дека нема да влезе во НАТО.
Од САД порачаа дека НАТО во моментов не размислува за воведување зона на забранети летови над Украина, а идејата за испорака на авиони МиГ-29 на Украина е неодржлива. Украинските власти неколку пати претходно бараа затворање на небото над Украина.Руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.