04 Мај, 2024
0.0258

Вежбам со тренер и не се откажувам од сонот да зачекорам - животната борба на поетесата Искра Донева

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Поетесата Искра Донева, која боледува од церебрална парализа е голем борец. Освен што со поезијата си ја лечи душата, таа вредно работи на подобрување на своето физичко и ментално здравје.

За Нова година, Искра имала само една желба, да почне да вежба и со вежбање да започне со мали чекори. Желбата ѝ се оствари, и по неколку месеци интензивна физичка активност со личен тренер, малите чекори за Искра сега се голема можност за понатамошен полесен живот. 

- Како што сте запознаени, „Синерџи фитнес и спа“ од Аеродром, одговори позитивно на мојата новогодишна желба да вежбам и одам. Несебично ми ги отворија вратите од центарот и ги ставија на располагање сите ресурси, па од почетокот на годинава активно тренирам со личен тренер во исклучителни модерни услови кои одговараат пред сѐ на мојата состојба, а притоа особено се внимава на Ковид протоколите. Неизмерно сум благодарна за оваа можност, ова е еден огромен чекор за мене поблиску до целта да се направи доглопосакуваната промена, да се извади најдоброто од можностите на моето тело, како би можела да си го олеснам секојдневното независно живеење - раскажа Искра за Женски магазин.

Таа е среќна што работи со Емилија Груевска, тренер со долгогодишно искуство, која има искуство со лица со попреченост но над сето тоа. Вели дека како најважни квалитети би ги издвоила нејзината емпатија, искрена желба и максимална посветеност да се постигне резултат, а тоа е нешто што Искра одамна го посакувам, а кое, за жал, досега во рамките на системот не го добила.

- Вежбите се изведуваат во сала која е наменета исклучиво за мене, во атмосфера која е особено мотивирачка. Максимално се користат сите можни ресурси за вежбање, буквално вклучена е секоја машина во салата, практикуваме одење на трака до 30 минути дневно, масажи, хидротерапија, режим на исхрана, со еден збор сѐ што треба. Досегашниот напредок резултира со вратена рамнотежа и зголемена контрола врз телото, полесни и координирани движења. Активно се работи на исправување на 'рбетот, има напредок, во добрите денови пуштам сама по некој невешт бебешки чекор но, сепак, рано е да се прогласи победа. Мозокот е разбуден, активно дава и прима команди, но треба време да се навикне дека новата состојба е нормална и да остане буден. Телото сѐ уште треба да се стимулира. Добив шанса и ја користам максимално - раскажува Искра за „Женски магазин“, каде може да прочитате повеќе детали за нејзиниот подвиг.