16 Мај, 2024
0.0291

Весковски откако пропадна метларката: Град Скопје ќе ја санира штетата, возила не смеат да се движат кај фонтаната

Објавено во: Македонија 29 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ЈП Водовод и канализација - Скопје тврди дека на ниту едно возило не му е дозволено да се движи по плоштадот, по пропаѓањето на метларката на ЈП Комунална хигиена во партерната фонтана, популарно наречена Џампинг џет, на градскиот плоштад.

Директорот на ова претпријатие, Душко Весковски, вели дека одговорноста не е на скопскиот Водовод, бидејќи на оваа површина можат да се движат само пешаци.

- Ние се грижиме само за одржувањето на системот, односно за дизните и пумпите. Инаку таму не е дозволено да минуваат и да работат каков било тип на возила. Најворојатно се работи за грешка, вели Весковски, кој додава дека фонтаната една година не работи за да не биде собиралиште за време на пандемијата.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје велат дека ниту едно возило нема дозвола да се движи на таа површина од гранитни плочки, под кои има празен простор поради пумпите. Велат дека Град Скопје ќе ја санира штетата, а во иднина ќе се постават бетонски столбови како урбана опремна околу фонтаната за да нема пристап за возила.

- Ние имаме договор со Град Скопје за тековно одржување, а тие треба да ја санираат штетата, велат од претпријатието. Од таму тврдат дека овој простор поради ова бил обезбеден со посебна заштитна опрема при гостувањето на Папата Франциско во 2019.

Пред три и пол години, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион „ТАМ“ пропадна во партерната фонтана на плоштадот. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното