Весела математика во очекувањата за капиталните инвестиции
Објавено во: Економија 30 Јули, 2019
Како од една петина за половина година, државата ќе потроши четири петини од капиталните инвестиции до крајот на 2019 година? Премиерот Зоран Заев вели дека е можно и дека работите одат во таа насока. Имаше и конкретно образложение за тоа, иако сепак, малку од економската експертска јавност верува дека трошењата ќе се реализираат.
„„До сега сум задоволен, ви ги кажав параметрите. Еве за гас 49 отсто реализација, бројките ми даваат право за оптимизам, односно да кажам дека претходните проблеми сме ги надминале. Претходните причини за слаба реализација на капитални инвестиции се надминати. Сега ќе видиме како ќе заврши втор квартал, па трет и да видиме дали ќе се исполнат очекувањата“, изјави вчера премиерот Заев.
Изјави дека освен тие над 400 милиони евра кои во буџетот се превидени за капиталниинвестиции, има и дополнителни 500 милиони што во ЈП за државни патишта, ЕСМ, МЕПСО.
Според последнит еподатоци Владата за половина година успеа д апотроши 86 милиони евра од капиталните инвестиции кои годинава ги позиционираше на 422 милиони евра. Слабата реализација бепше тренд и лани. За октомври е најавен и ребаланс на буџетот.