19 Мај, 2024
0.0285

„Веро“ ќе обезбеди максимални услови вработените да го искористат своето право на глас

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Интернет-страницата „Цивил медиа“ објави вест што беше пренесена и од други македонски изданија, а во врска со неа менаџментот на компанијата „Веро“ го изјавува следново:

- Како и во повеќето супермаркети во Македонија, кои што во недела, 11 декември, ќе работат, така и вработените во „Веро“ќе ги исполнуваат своите обврски, што е практика и во сите останати викенди во текот на годината. Маркетите на „Веро“ нема да бидат отворени за нашите ценети купувачи бидејќи ќе се одвива редовниот годишен попис. Нагласуваме дека одлуката за ова беше вклучена во годишниот план на компанијата уште пред неколку месеци, кога парламентарните избори воопшто не беа закажани, со цел да ја зголемиме ефикасноста во име на нашите потрошувачи.

Во таа насока целосно го отфрламе тврдењето објавено од „ЦИВИЛ – Центар за слобода“ дека одржувањето на пописот во „Веро“ на 11 декември е обид да се спречат вработените да излезат на гласање. Сосема спротивно, „Веро“ ќе ги овозможи сите услови со цел вработените во компанијата да можат да го искористат своето право на глас.

Без разлика што ќе се изведува попис, вработените ќе доаѓаат на смени, како што е и вообичаено. За тие што ќе сакаат да гласаат во текот на работното време, ќе има организиран превоз, а ќе постои можност и секој индивидуално да отиде до своето избирачко место.

Уште еднаш подвлекуваме дека одлуката за пописот во „Веро“ е донесена во рамки на годишниот бизнис-план на компанијата, неколку месеци пред изборите воопшто да бидат закажани. Истакнуваме дека вработените нема да бидат спречени, напротив, ќе се обезбедат сите услови со цел секој да го искористи своето право на глас.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата