Венецуела гори од протести, Мадуро ветува 60% повисока минимална плата
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Николас Маудро, претседателот на Венецуела и наследник на Хуго Чавез, вети ново трето по ред покачување на минималната плата од 60% со цел да го врати социјалниот мир и да ги ублажи жестоките протести на граѓаните кои бараат избори за излез од долготрајната политичка, а сега и економска криза.
Венецуела по смртта на Чавез уште повеќе западна во економска депресија за што вина имаат и дел од странските блокади, падот на цената на нафтата но и агресивниот начин на национализација на успешни компании што доведе до масовна корупција.
За да се намалат протестите на улиците се ветува поголема минимална плата што значи дека секој работник во најзагрозените компании ќе добива по 50 долари месечно повеќе. Во априлските протести животот го загубија околу 30 лица прогласувајќи го Мадуро за диктатор кој се повеќе ја губи поддршката од народот.