14 Мај, 2024
0.0495

Велика Британија ќе престане да е членка на ЕУ на 29 март 2019 година

Објавено во: Свет 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Велика Британија ќе престане да биде член на Унијата точно на полноќ на 29 март 2019 година, се вели во правните мислења на Еврокомисијата запишани денес за преговорите за Брегзит. 

„Велика Британија ќе престане да биде член на Унијата на полноќ на 29 март 2019, само ако на самит на ЕУ едногласно не биде решено двегодишниот период за преговори да продолжи“, се наведува во текстот.

Од тој момент натаму Велика Британија ќе биде сметана за трета земја, потенцира Европската комисија, прнесоа светските агенции. 

Во исто време, главниот преговарач на Европската унија за прашањата на Брегзит Мишел Барние изјавил дека финансиските барања на блокот кон Велика Британија не се „казна“, но и покрај тоа предупредил да не се прават илузии дека излегувањето на земјата од составот на заедницата ќе биде безболен . 

Барние, кој денеска ја претстави својата стратегија за водење на преговорите со Лондон во следните две години, исто така, повика тие да започнат што е можно поскоро, бидејќи „часовникот отчукува“. Според него Брисел ќе биде подготвен за тоа по 22 мај, кога Советот на ЕУ треба конечно да се произнесе за формата на разговорите. Барние додаде и дека најреално би било тие да започнат по одржувањето на предвремените избори во Велика Британија на 8 јуни. 

Во однос на финансиските обврски на Лондон кон ЕУ, тој посочи дека бараните од Брисел пари не се „казна“ за одлуката на Велика Британија. „Нема никакво казна, нема сметка за Брегзит, финансискиот договор е само за решавање на сметките“, рече тој за време на прес-конференција.

Неговата изјава доаѓа како последица на пораките дека од Брисел ја зголемиле до 100 милијарди евра сметката која Велика Британија треба да ја плати при излегувањето од ЕУ, а од Лондон веќе изјавија дека не планираат да плаќаат слични големи суми. 

Од своја страна Барние, кој е поранешен еврокомесар и француски министер, вели дека засега нема одредена сума, но таква ќе биде пресметана. Главниот преговарач исто така посочи дека разговорите кои им претстојат на Брисел и Лондон, нема да бидат лесни. „Некои си создадоа илузија дека Брегзит нема да има материјално влијание врз нивниот живот или дека преговорите би можеле да бидат завршени брзо“, рече тој.

Во стратегијата, претставена од Барние, се наведува дека граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија повеќе од пет години, треба да имаат право да добијат постојано државјанство во земјата. Таму е повторено и барањето на Брисел за европските граѓани, дојдени во земјата пред Брегзит, да ги уживаат истите права како досега, и по излегувањето од заедницата.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!