Велика Британија ќе побара од ЕУ 9 милијарди фунти по Брегзит
Објавено во: Свет 12 Март, 2017
Велика Британија ќе побара од ЕУ да и бидат вратени 9 милијарди фунти (11 милијарди долари), кои се чуваат во Европската инвестициска банка.
Според стручно правно мислење подготвено по барање на владата пред почетокот на преговорите меѓу Лондон и Брисел во условите на Брегзит, се истакнува дека „Владата не само што нема законска обврска да плаќа нешто на Брисел, туку ЕУ треба да и го врати на Велика Британија нејзиниот удел во капиталот на Европската инвестициска банка“.
Според пресметките на британските правници, станува збор за околу 9-10 милијарди фунти.
Претходно медиумите објавија дека ЕУ планира да побара од Лондон да исплати 60 милијарди евра за претходни обврски, вклучувајќи за пензиите на вработените на ЕУ.
Подоцна беше соопштено дека британскиот премиер Тереза Меј не планира да ја плати оваа многумилијардна „сметка за Брегзит“.