Велигденско примирје во три чекори - Украина излезе со предлог
Објавено во: Свет 24 Април, 2022
Украина има предлог до Русија за велигденско примирје.
Михајло Подољак, советник на шефот на Претседателството на Украина, на Руската Федерација ѝ нуди специјални преговори поради постојаните напади на челичарата „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол.
„За да се направи тоа, потребни се само три Мариуполски чекори:
- Прогласете вистинско велигденско примирје над Мариупол.
- Веднаш да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите.
- Согласете се на „специјална рунда преговори за да се одземе/размени војската“, напиша Подољак на Твитер.
фото Твитер