Добивај вести на Viber
Велешанката Весна Угриновска беше најсреќна во денешното извлекување на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Таа доби стан во скопски Аеродром.
Ковертот со 20 фискални сметки и го донесе станот од околу 50-тина квадрати. Освен ова, во денешното извлекување беше доделен и дуќан и повеќе други награди.
Ова беше седмо извлекување на наградната игра што ја приредува Државната лотарија на Македонија во соработка со Министерството за финансии, а која има за цел да ја стимулира фискализацијата.