01 Мај, 2024
0.0247

Вечерва е последната вечер од ПивоФест

Објавено во: Стил 20 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Последната шанса да бидете дел од овогодинашниот ПивоФест ја имате денеска бидејќи вечерва е последната фестивалска вечер од Прилепски Пиво Фест.

За забавата вечерва ќе се погрижат Маид Хечимовиќ, Емина Јаховиќ и Жељко Самарџиќ. Додека на алтернативната сцена ќе се претстави DJ Nasty deluxe.

Плоштадите во Прилеп според локални медиуми биле претесни за посетителите на Пивофест. Освен што градот е преполн со гости, најголема посетеност е забележана и во паркот Могила.

Овие денови пристигаа гости и од Германија, Холандија, па дури и Либан кои наутро уживаа јадејќи прилепска чорба.