15 Мај, 2024
0.0421

Вечерњи лист: Не можел да најде работа, па отворил паркинг во својот двор

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

По долго и неуспешно барање работа по струка и испраќање десетици молби на различни адреси, сообраќајниот инженер Марио Мартинчевиќ од Славонски Брод одлучил да ги преземе судбината во свои раце, пишува „Вечерњи лист“. Од Заводот за вработување добил помош од 30.000 куни (околу 4.000 евра) и во дворот на својата семејна куќа, пред десетина месеци отворил фирма за платен паркинг и чување на паркираните автомобили,  со вкупно 32 места за паркирање. „Работев во приватен сектор како трговец и дистрибутер, но компанијата се затвори и морав да барам решение. Имам три мали деца, а во тој период и мојата сопруга немаше постојана работа“, изјавува Мартинчевиќ за весникот. „Сфатив дека ако останам дома и чекам повик за интервју за работа немам никаква корист. Луѓето на кои им кажав за идејата ми велеа дека е ризична, но решив да одам на се или ништо и не погрешив“, вели тој. Заедно со сопругата земале кредит и на плацот кој го имале купено пред 2 години полека изградиле објект во кој сега е сместен нивниот дом, две комерцијални простории за изнајмување и паркингот од кој  тие живеат. На оние лица кои поради посета на блиската болница мора да го паркираат автомобилот цел ден, Марио им наплаќа само пет картички, кои изнесуваат 15 куни, пренесува  „Вечерњи лист“.