15 Мај, 2024
0.0288

Вечер за паметење на културниот живот на Скопје

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Вчеравечер во новоотворената „АРС СТУДИО’’ книготека во центарот на градот на улицата „Максим Горки’’ бр. 21 пред бројните љубители на убавиот пишан збор се претстави реномираниот италијански автор Клаудио Магрис. 


Tој е добитник на најпрестижната италијанска награда „Стрега’’ за делото Микрокосмоси и во 2007 година бил во најтесниот избор за Нобелова награда за литература.


Гостите имаа можност лично да се запознаат со авторот и да бидат дел од промоцијата и потпишувањето на делата Запрена постапка, Друго море и Микрокосмоси во издание на „Арс студио“ на македонски јазик.


Свое обраќање за Клаудио Магрис и неговото значење во италијанската, европската и светската литература имаше Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Р. Италија. Марија Грација Цветковска, преведувач на делата Запрена постапка и Микрокосмоси даде свој осврт на овие книги. Со многу емоции и спомени беа пренесени делови од романот Запрена постапка, најновиот роман на Клаудио Магрис. Тој се базира на вистинит настан во Трст, а Трст е она што е заедничко и за авторот и за преведувачот – тоа е нивниот роден град.


Посетителите имаа можност да слушнат извадоци од делото Друго море, прочитани од авторот на оригинален јазик и од преведувачот, проф. Анастасија Ѓурчинова на македонски. Проф. Ѓурчинова даде свој осврт на ова дело.


Оние кои сакаат да уживаат во добра книга нека ја посетат новата „АРС СТУДИО’’ книготека во центарот на градот и ќе можат да ја збогатат својата библиотека. Најголем дел од насловите се за прв пат преведени на македонски јазик. „АРС СТУДИО’’ книготека располага со сопствени изданија преведени на македонски јазик на најголемите филозофски мислители –Хегел, Кант, Ниче, Расел, врвни психолози и реномирани историчари. Воедно има огромен избор на најнови книжевни изданија од домашни и странски автори.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“