ВЧЕРАШНИ НОВОСТИ: Што ќе прави СДСМ со парите од заборавеното палто на Груевски?
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2017
Што имаат заедничко Зоран Заев и Меланија Трамп? Навидум ништо, но тука е професионалната новинарска екипа од „Фчерашни новости“ да ни ја открие вистината.
Епизодата 9 на пародичните вести во целиот свој сјај фрла нов поглед на работите кои ни се случуваа во изминатата недела. Последни дознајте:
- Кој седи на преговарачката маса за Влада во сенка?
- Ќе се смени ли нешто за верниците ако БПЦ стане мајка на МПЦ?
- Села пушти предлог за министер
- Што ќе прави СДСМ со парите од заборавеното палто на Груевски?
Додека уживате во неделната епизода, екипата веќе ја спрема епизодата 10, која ќе се емитува оваа недела од 20 часот на Телма. Дотогаш, следете ги на нивните официјални страници на Фејсбук и Инстаграм.