ВАЖИ ОД ПОЛНОЌ: Словенија го забранува движењето на јавните места
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Март, 2020
Словенија од полноќ целосно го забранува движењето на јавните места.
Владата на вонредна седница вечерва донесе одлука времено целосно да го забрани движењето на граѓаните и собирањето на јавните места, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Целта е да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот. Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Телевизија Словенија изјави дека казните за непочитување на ваквата одлука ќе изнесуваат и до 400 евра.
Словенија претходно го забрани јавниот превоз за да спречи ширење на вирусот.