08 Мај, 2024
0.0281

ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ: Не сите граѓани знаат дали им следува, но би заминале на одмор

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Како мерка за спас на туризмот, но и да им се помогне на граѓаните, државата нуди ваучери за летување во Македонија.

Повеќето граѓани слушнале за оваа мерка, но детали не знаат, и не се информирани дали нив лично ќе им следува. На одмор би заминале, но некои од нив повеќе сакаат да одмораат на места каде нема голем метеж и каде сметаат дека ќе бидат побезбедни.

„Јас сум вработена, примам минималец, и не ми е важно дали ќе добијам ваучер или не. Сумата е мала за да се оди на одмор, и на луѓето им треба леб сега, на никој не му е дојдено до одмор. Кога би добила ваучер, би одела во Берово, а не некаде каде има гужва како Охрид, Струга или Преспа“, вели Елизабета Денковска, граѓанка.

Живко Бугицев, кој е невработен не знае дали ќе му следува ваучер, но вели дека би заминал на одмор во Дојран.

„Ние граѓаните секако сме оштетени од кризата, јас сум невработен, не знам дали ми следува, а доколку можам би одел на одмор во Дојран“, рече тој.

Од Стопанската комора за туризам велат дека оваа мерка секако ќе придонесе за полесно надминување на последиците од кризата.

„Во услови на здравствено економска криза од вака голем размер каде што прв на економски удар е туризмот, а како што изгледа и последен ќе се нормализира по завршување на пандемијата. Секоја мерка која се носи за ублажување на последиците е корисна. Со самиот факт дека ваучерите ќе одат како помош во хотелскиот сектор (преку туристички агенции и превозници како пакет аранжмани или директно во хотелите) се дава можност за делумно санирање на состојбата во услови на отсуство на странските туристи од incoming програмите. Се надеваме дека од наредната година и К15 за вработените во стопанството и државната администрација ќе биде во форма на наменски ваучер за користење на одмор во Македонија. Што се однесува до бенефитот на граѓаните, корисници на оваа мерка, неспорно дека во пост карантински услови добивање на можност за ослободување на стрес со користење на 7 дневен престој на езеро или планина е добредојден, особено кога ќе се земе во обзир дека целта на доделување на ваучер е тие да стигнат до населението кое не може, или многу тешко може да си дозволи годишен одмор поради примањата кои ги има. Сигурен сум дека Министерството за економија успешно ќе ја реализира оваа мерка преку платформата која ја креира“, вели Емил Димитровски од Стопанската комора за туризам.

Хотелите и другите сместувачки капацитети ќе ги даваат своите понуди за ваучерите од 6.000 денари кои ќе ги доделува Владата за поддршка на туризмот за вработените со ниски приходи на истата интернет платформа www.domasiedoma.gov.mk на која ќе се најдат и имињата на граѓаните-добитници.

Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат

Во Зајас изборната кутија за претседател остана празна

Во Зајас изборната кутија за претседател остана празна

„МУ БЛАГОДАРАМ НА ‚ЛИКОВ' ШТО МЕ УБЕДИ ДЕКА Е ПАТРИОТСКИ ДА ИЗЛЕЗАМ НА ГЛАСАЊЕ - д-р Беќаровски благодарен на Артан Груби

„МУ БЛАГОДАРАМ НА ‚ЛИКОВ' ШТО МЕ УБЕДИ ДЕКА Е ПАТРИОТСКИ ДА ИЗЛЕЗАМ НА ГЛАСАЊЕ - д-р Беќаровски благодарен на Артан Груби