17 Мај, 2024
0.0276

Ватикан среќен поради приближувањето на САД и Куба

Објавено во: Свет 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Папата Фрањо ги поздрави „малите чекори“ на дипломатија кои доведоа до објавувае на новите политики помеѓу САД и Куба. „Денеска сите сме среќни бидејќи видовме двајца луѓе кои толку долго време беа далеку еден од друг, но го направија првиот чекор еден кон друг“, истакнал папата во своето прво обраќање  во јавноста по постигнувањето на историски договор на претседателите на Куба и САД, Раул Кастро и Барак Обама. Обрајќајќи се пред групата амбасадори при светата столица, Фрањо рекол дека дипломатијата е „прекрасна работа...работа во мали чекори, и мали работи, кои на крајот доведуваат до мир и ги доведува човечките срца едно до друго, ширејќи братство меѓу народите“. Според пишувањата на голем број светски медиуми, токму папата Фрањо одиграл клучна улога во приближување на довчерашните непријатели, испраќајќи изминатото лето писма до Раул Кастро и Барак Обама во кои ги повикал да изнајдат хуманитарни причини за решавање на своите разлики. Папата понудил токму Ватикан да биде место на кое ќе се одигра состанокот на кој бил искован договорот во октомври. Искусниот дипломат на Фрањо од висок ранг, кардиналот Петро Паролин, одиграл значајна улога во постигнувањето договор меѓу двете страни. Кардиналот Паролин за Радио Ватикан денеска рекол дека напорите на светата столица во надминување на конфронтациите на релација Куба – Америка можеле да се забележат години наназад, но дека делувањето на Фрањо било одлучувачко.    

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра