15 Мај, 2024
0.0342

Валднер: Не гледам дека каква било војна ќе се случи во БиХ

Објавено во: Балкан 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Командантот на Силите на Европската унија (ЕУФОР), генерал-мајорот Антон Валднер оценува дека во Босна и Херцеговина или во соседството нема да има војна.

„Оваа земја (БиХ), со огромна меѓународна поддршка, веќе две децении ги одржува мирот и стабилноста. Не гледам какви било индикации дека тоа ќе се промени. Не гледам дека каква било војна ќе се случи тука или во соседството. Факт е дека тука нема конфликти за територијата со соседите“ - изјави Валднер во интервјуто за „Дневни аваз“.

На сајтот „Аваз.ба“ е објавено дека командантот на ЕУФОР ја прокоментирал изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за „Фајненшел тајмс“, каде спомена можна војна на Балканот и во БиХ.

Валднер вели дека е факт тоа што Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ) се „една успешна приказна и дека успеале да ги соединат припадниците на сите народи да носат иста униформа“.

„Моето мислење е дека реформите во секторот на безбедноста се еден голем успех што е постигнат тука. Гледајќи одовде, не го гледам истото што и Јункер“- вели Валднер.

„Дневни аваз“ потсетува дека Валднер ја вознемири јавноста со најавата дека „нема да се двоуми да ги повика резервните сили во случај да биде потребно“.

„Додека се подготвував за оваа функција, увидов дека дошло до значително намалување на бројот на силите во однос на почетниот состав на Силите за стабилизација на БиХ (СФОР). Имаме ограничен број на луѓе, а мандатот се уште, помалку или повеќе, е ист. Имено, ако во одредени ситуации сакаме да регираме, треба да ги повикаме резервните сили. Во нашите планови постојат неколку чекори за зајакнување на ЕУФОР“ - рече Валднер, додавајќи дека таа изјава ја дал со цел да потсети на тоа, а не да упати некоја одредан закана.

Тој наведе дека нема потреба од покажување на „мускулите“ со користење на воена сила.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот