29 Април, 2024
0.0239

Увезена српска пченица со тешки метали!

Објавено во: Агробизнис 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Српска пченица со зголемено присуство на тешки метали влегла во земјава. Се работи за пет пратки со пченица со вкупна тежина од 330.220 килограми, по потекло од Република Србија, набавени од два различни добавувачи.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека спорните количества се наоѓаат во карантин и се чекаат резултати од супер- анализите. Тврдат дека ниту грам не завршило во промет, бидејќи првичните анализи биле направени уште на граничниот премин кога пристигнале шлеперите.

„Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во рамки на своите редовни активности, при контрола на храната од увоз на граничните премини, утврди зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната. Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар, и за истите е издадено соодветно Решение за забрана за пуштање во промет. Бидејќи од страна на увозниците е побарано допонително лабораториско испитување (суперанализа), согласно утврдената процедура испратени се мострите од сите пет пратки“, стои во соопштението од Агенцијата.

Од таму велат дека по добивањето на резултатите ќе постапат согласно законските прописи.

Минатата година над 20 тони пченица со олово заврши како добиточна храна, откако компанијата увозник од Битола без да ги дочека резултатите од анализите ја пуштила пченицата во промет, за што фирмата заработи казна од 5.000 евра. Тогаш од 19 камиони со пченица од Украина една од мострите покажа зголемено присуство на олово.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?