19 Мај, 2024
0.0367

УТРИНСКИ ФОКУС: Земјотрес на Истокот, Тереза Меј не го издржа Брегзит

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Пехчево и Берово се градовите во Истокот каде ноќеска половина час пред 20 часот е регистриран послаб земјотрес.

Магнитудата била 2,7 степени по Рихтер а епицентарот северозападно од Пехчево.

Синдикатот контра Шекеринска за приватна агенција - Сите дојденци во МО да ги напуштат позициите

Синдикатот на одбраната и безбедноста остро се спротивставува на идејата на министерството за одбрана предводено од Радмила Шекеринска касарните да бидат обезбедувани од приватни агенции наместо од самите војници. Претседателот на СОБ Ристо Ајтов вели дека сите дојденци во МО кои не се разбираат од безбедноста веднаш да ги напуштат позициите и на нивно место да дојдат професионалци. Претходно министерката Шекеринска за Фактор откри дека се размислува да се формира и Државна компанија за обезбедување која ќе биде составена од поранешни припадници на АРМ со навршени 45 години.

*

Тереза Меј низ солзи објави кога ја напушта функцијата

Британската премиерка ќе ја напушти функцијата на 7 јуни, соопшти таа во обраќањето пред познатиот број 10 во Даунинг улицата, во Лондон.

Таа рече дека длабоко жали што не успеала да ја изнесе земјата од ЕУ. Меј изјави дека таа работа и останува на нејзиниот наследник кој ќе мора да најде консензус во парламентот.

*

„Сеавус“ ја „шие“ конкуренцијата: колку пари прави оваа софтверска компанија

Софтверските компании во државата книжат раст на приходите лани споредбено со 2018. Ова го покажуваат податоците од анализата на Фактор а за сите шест компании заедничко е што им расте бизнисот односно приходите од продажба, а притоа сите се во добивка, а дел од нив имаат и солидни профитни маргини.

Кај пет од шестте анализирани профитната маргина се движи од најмалку 8,6 отсто до најмногу 18 отсто

*„Ван Хол“ во големата тројка на странски инвестиции кои „газат“

„Ван Хол“ се најде во големата тројка на странски инвестиции кои неколку години наназад работат во земјава, лани имале одлични резултати.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“